Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСиндикалците со марш до ССМ го кренаа гласот за повеќе работнички права

Синдикалците со марш до ССМ го кренаа гласот за повеќе работнички права

Денеска се одржа голем протест на Повелбата на солидарност во која членуваат голем број на вистински синдикални организации и здруженија за заштита на работничките права.

Протестот започна од камениот мост, а демонстрантите маршираа до зградата на ССМ каде сеуште раководи Живко Митревски кој не го признаваат за свој синдикален лидер.

protest 1 maj (9)

Главните пораки на маршот е да се окрупнат синдикалните движења, да се стави крај на лажните синдикати кои ги злоупотребуваат работниците и да се посвети поголемо внимание на синдикалното организирање кое веќе доживува преродба во Македонија, но не смее повеќе да биде игнорирано во социјалниот дијалог.