Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСиндикалците најавија враќање во ССМ – Пред зградата пречекани од полиција

Синдикалците најавија враќање во ССМ – Пред зградата пречекани од полиција

Денешниот марш на синдикалните организации од Повелбата за солидарност заврши пред зградата на ССМ која и натаму им е недостапна поради спорот со претседателот Живко Митревски кој тие не го признаваат како легитимен бидејќи е ставен во функција на власта, а не на работниците. Пред зградата на ССМ беа пречекани со кордон од полиција.
Синдикалните лидери му испратија пораки на Живко Митревски кој не го признаваат за претседател на ССМ, туку новоизбраниот претседател Дарко Димовски. За Митревски велат дека никогаш и не бил синдикалец, туку политичко апаратче кое го користела власта за своите агенди.
sindikalci pred ssm (5)
„Ние ќе се бориме за правата на работниците и до крај ќе ја водиме оваа борба. Овој 1 мај е почеток на ново синдикално организирање“ посочи Пеце Грујоски претседателот на УПОЗ.
Марјан Ристевски порача дека сите се обесправи вклучувајќи ги и полицајците кои се ангажирани за обезбедување на зградата на ССМ од самите синдикалци и порача дека ќе влезат на голема врата со своето достоинство.