Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСин брутално го претепал таткото – Семејно насилство во Џепчиште

Син брутално го претепал таткото – Семејно насилство во Џепчиште

Осомничениот Е.Л (33) од село Џепчиште, Тетово, на брутален начин го претепал својот татко 68-годишниот И.Л, најпрво со тврд предмет со кој му нанел повеќе тешки рани на главата, а потоа со остар предмет го расекол по рамото и надлактицата. Причината за нападот е вербалната расправија со таткото откако го паркирал автомобилот на тревникот пред семејната куќа во која живееле заеднички.

Старецот е пренес во тетовската болница каде му била укажана медицинска помош, а потоа е пуштен на домашно лекување. Синот насилник е приведен од СВР Тетово и во консултација со јавен обвинител е пуштен на слобода. Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски потоа изјави дека ќе биде поднесена соодветна пријава против Е.Л.