HomeДЕНЕШНАСвет„Симпсонови“ уште пред 16 години предвидоа дека Трамп ќе биде претседател!

„Симпсонови“ уште пред 16 години предвидоа дека Трамп ќе биде претседател!

15395265265822de84a7871086082160_v4_big

„Симпсонови“ многу пати до сега успеваа да ја предвидат иднината, но дури ни творците на оваа култна серија веројатно не претпоставија дека уште пред 16 години ќе успеат да го „предвидат“ претседателот на САД. После победата на Трамп на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави, вреди да се потсетиме на епизодата „Bart to the Future“ која беше емитувана во март 2000 година.

Ден Грини, сценаристот на „Симпсонови“ за „Hollywood Reporter“ изјави: Тоа беше предупредување за Америка. Тоа изгледаше како логичен чекор пред да го допреме дното. Ова сценарио го употребивме бидејќи беше еквивалентно со состојбата во која Америка губи разум“. И Мет Гроинг се согласува со него.

„Предвидовме дека тој ќе биде претседател уште во 2000 година, но Трамп секако беше најапсурдниот возможен лик, име кое служеше за потсмев, а тоа важи и сега. Тоа е повеќе од сатира“, изјави тој.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com