Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСимоне Филипини за средбата Иванов – Ји: Ако не можеш да им ги освоиш срцата, стисни ги за мадиња

Симоне Филипини за средбата Иванов – Ји: Ако не можеш да им ги освоиш срцата, стисни ги за мадиња

Поранешната холандска амбасадорка Симоне Филипини се сомнева дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов го омекнал ставот за мандатот за состав на влада по средбата со Хојт Ји, бидејќи го стиснале за мадињата, пиѓува „СДК“.

По повод на Меѓународниот ден без автомобили, Филипини му подари велосипед на тогашниот премиер Никола Груевски на 22 септември 2008 година.

Филипини денеска на Твитер објави цитат од поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт: „Ако не можеш да им ги освоиш срцата и умовите, стисни ги за мадиња“ и сподели текст со наслов „Македонскиот претседател го омекна ставот по средбата со Ји“.

По средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји на 1 мај, Иванов најави дека е спремен да го даде мандатот за формирање влада ако лидерот на СДСМ Зоран Заев обезбеди гаранции за унитарноста.

Исто така, Иванов побара од САД да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот, додавајќи дека пречките за определување на мандатот се надминливи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, на Фејсбук се пожали дека назначувањето на Талат Џафери за претседател на Собранието било диктаторски чин и вели дека од разни причини, многу диктаторски влади биле признати од демократски системи.

Холандија е традиционален голем пријател од признавањето на Македонија и воспоставувањето на дипломатски односи во 1995 година. Од тогаш до сега Холандија во Македонија дала нешто повеќе од 200 милиони евра. Покрај политичката поддршка Кралството Холандија е и меѓу најголемите финансиски донатори на Република Македонија во речиси сите области на животот – од проекти во земјоделие, заштита на животната средина, преку здравството, поддршка на стопанството, развој на граѓанското општество и поттикнување на одговорно и транспарентно владеење, па се до културни настани.