Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСимнато знамето на Конфередацијата – Победа за еднаквоста во САД

Симнато знамето на Конфередацијата – Победа за еднаквоста во САД

Сенатот на Јужна Каролина по бројни контроверзии и непотребни судири донесе одлука да го симне Конфередациското знаме од својата зграда и ги испочитува барањата на активистите за еднаквост во САД за надминување на расните проблеми.

celebration scОва знаме е користено од јужните републики за време на граѓанската војна и голем дел од луѓето се уште го доживуваат како бунтовничко знаме на јужната гордост, но ако добро се сеќавате војната се водеше против ропството која тие ја изгубија.

Афроамериканците денес славеа пред сенатот на Јужна Каролина, република во која се уште постои одредена форма на институционален расизам и сегрегација, па ова е само една мала симболична, но многу значајна победа.

Во прославата беа придружени и од белото население кое сака да живее во мир и еднаквост, додека пак расистичките групи како ККК ќе протестираат и можни се нови меѓурасни инциденти.