Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСимеоне посакува фудбалер на Челси

Симеоне посакува фудбалер на Челси

Атлетико Мадрид сака да ги засили крилните позиции во овој преоден рок, а Диего Симеоне веќе ја има прва мета. Фудбалерот на Челси кој во овој момент настапува како позајмен фудбалер во екипата на Јувентус, Хуан Квардадо, е на листата за засилување кај Атлетико Мадрид за наредната сезона. Колумбискиот репрезентативец оваа сезона за Јувентус одигра 24 натпревари и запиша три погодоци. Во “Старата дама” сеуште не се изјасниле што ќе прават со Квардадо.

Овој 27 годишен фудбалер во Челси пристигна од Фиорентина во јануари 2015 година, но не успеа да се наметне кај тогашниот менаџер Жозе Мурињо.Англиските медиуми наведуваат дека Антонио Конте кој од лето ќе го превземе Челси е голем фан на играта на Колумбиецот, па токму поради него Квардадо би можел да добие нова шанса во Челси.
Од друга страна пак, Симеоне често пати знае да доведе јужноамерикански фудбалери, а Квардадо според неговиот стил на игра совршено се вклопува.