Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСилувано 12-годишно девојче во скопски Карпош

Силувано 12-годишно девојче во скопски Карпош

Синоќа околу 02:30 часот во полициската станица во Карпош В. П пријавила дека на 22.07.2016 година околу 19:30 часот непознат сторител извршил полов напад врз нејзината дванаесетгодишна ќерка.

Како што информираат од полицијата, девојчето додека возело велосипед по булевар „Иво Лола Рибар“ и ул. „Анкарска“ застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарала 20 денари. Сторителот и рекол дека ќе и даде , но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што истата се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

Полицијата трага по сторителот.