HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСилувана 59-годишна кумановка во нејзината куќа

Силувана 59-годишна кумановка во нејзината куќа

Вчера, околу 15:20 часот во ПС-Старо Нагоричане, Ж.Д. (59) од Куманово, пријавила дека истиот ден околу 15:00 часот додека била сама во нејзината куќа во село во Општина Старо Нагоричане дошол Д.В. (42) и со употреба на физичка сила ја присилил на обљуба, вршејќи други полови дејствија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Истиот ден околу 16,20 часот од страна на полициски службеници осомничениот бил пронајден и приведен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com