Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСилно невреме го зафати Гостивар, повредени се две лица

Силно невреме го зафати Гостивар, повредени се две лица

Две лица се повредени и оштетени се неколку објекти како резултат од силното невреме кое вчеравечер го зафати Гостивар. Монтажен објект, кој се користел за продажба на зеленчук и овошје, паднал врз двете лица откако предходно врз него паднало дрво под дејство на силниот ветер. Лицата  Е.О. (19) и Б.А. (27) веднаш биле згрижени во Ургентното оддление од Општата болница во Гостивар.

Оштетени се и повеќе возила кои биле паркирани до објектот „Мон Блан“ откако врз нив паднал излогот од првиот кат, а други возила, пак, настрадале на улица „Белчица“ од керамидите кои паѓале од куќите.