Tuesday, Nov 21, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСилниот дожд не ги спречи Велешани да уживаат-Парни Ваљак направи свирка за паметење

Силниот дожд не ги спречи Велешани да уживаат-Парни Ваљак направи свирка за паметење

На втората вечер од дванесетата по ред ,,Велешка питијада”, лошото време и силниот дожд, не ги спречи ниту Велешани ниту посетителите од други градови, да дојдат и да уживаат во велешките пастрмајлии, доброто вино и секако целото тоа зачинето со добра музика.

Втората вечер од ,,Велешка питијада” прв ја отвори Македонската ѕвезда на Србскиот Х-Фактор Боби Мојсовски, потоа настапуваше Влатко Лозановски, Фолтин и на крај како главни ѕвезди на вечерта беа добро познатата Хрватска рок група Парни Ваљак.

Целата оваа манифестација беше зачинета со добра пастрмајлија и вино, кое како што велат Велешани претставува неразделна комбинација.

decca piti

Лошо време, многу дожд се чинеше дека оваа Питијада нема да го има посакуваниот епилог, но штандовите беа преполни со луѓе, гости имаше од цела Македонија, целото тоа укажува дека овој настан и велешката пастрмајлија претставуваат претпознатлив бренд за луѓето, временските услови неможат да бидат пречка за да се дојде и да се ужива.

gitari

Сепак кулминацијата дојде на крај, Парни Ваљак приреди вистински спекаткл односно концерт кој долго ќе се памети. Најупорните останаа до самиот крај, се посилниот дожд не беше пречка за оваа публика со чадори во своите раце да остане до самиот крај и да ги пее добро познатите стари хитови на оваа група.

AKI PUBLIKAАвтор: Михаило Донев

Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк освен со линк до конкретната страница.