Wednesday, Mar 29, 2017
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Силна експлозија во Њујорк, повредени 29 лица

(Видео) Силна експлозија во Њујорк, повредени 29 лица

menheten

Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа го вознемири квартот Челси во Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јави „Си-Ен-Ен“.

Полицијата ги проверува видеата од местото на првата експлозија на кои изгледа е прикажано лице кое остава нешто зад себе, поради што полицијата дошла до заклучок дека експлозивот бил оставен со намера.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, изјави дека според првите индикации станува збор за намерно предизвикување на експлозија.

– Ние не гледаме поврзаност со тероризам, заклучи Де Блазио.