Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилна експлозија во Каиро – едно лице загина

Силна експлозија во Каиро – едно лице загина

Еден цивил загина, а четри лица се повредени при силна експлозија која утрово одекна пред италијанскиот Конзулат во Каиро. Помеѓу ранетите има двајца полицајци и двајца случајни минувачи. Според првичните информации оваа експлозија била предизвикана од автомобил бомба.

Очевидците, за египетските медиуми  изјавиле дека експлозијата предизвикала значителна материјална штета врз зградата.

Италијанскиот дипломат изјави дека нема повредени членови на мисијата, бидејќи за време на експлозијата зградата на Конзулатот била празна.

Засега никој не презел одговорност за експлозијата