Monday, Mar 27, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСилна експлозија го вознемири Куманово

Силна експлозија го вознемири Куманово

Силна експлозија утринава околу 4 и 30 часот одекна во центарот на Куманово и ги вознемири граѓаните. Причинета е материјална штета, а човечки жртви и повредени нема. Екипи од крим техника при СВР Куманово се на местото на настанот.

Експлозивната направа за која допрва ќе се утврдат деталите, била поставена и активирана во утринските часови на паркинг просторот зад маркетот „Тинекс“ во времето кога нема фреквенција на луѓе. За сега е познато дека се искршени стаклата на станбените и деловните објекти во близина на поставената експлозивна направа. Надлежните екипи работат на утврдување на видот на експлозивот, како и на откривање на сторителите.