HomeДЕНЕШНАСветСилна експлозија ја вознемири Будимпешта, двајца полицајци повредени

Силна експлозија ја вознемири Будимпешта, двајца полицајци повредени

Вчера во Будимпешта околу 22:30 часот се случила експлозија во зграда во централното подрачје и при тоа се повредени двајца полицајци кои биле на патрола. Засега полицијата нема откриено што ја причинило експлозијата и дали е од бомба или друг вид на намерна детонација.

Некои шпекулираат дека дошло до протекување на плин и затоа се случила експлозијата, но полицијата се уште разгледува повеќе опции и води истрага, а побара и од граѓаните да ги пријават сите сомнителни активности кои ги забележале.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com