Thursday, May 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСветСилен земјотрес во Авганистан- 60 мртви

Силен земјотрес во Авганистан- 60 мртви

Силен земјотрес го погоди северниот дел на Авганистан, а исто така овој земјотрес се почувствува и во одредени делови од Пакистан и Индија.

Според информациите, епицентарот на овој земјотрес, кој бил со јачина од 7,7 степени се наоѓал во планинска област која што е одалечена 45 километри од Јарма.

Локалните медиуми во Пакистан известуваат дека поради земјотресот се евакуирани поголемите згради.

Како што пренесува BBC, најмалку 40 луѓе го загубиле животот во Пакистан, а 20 во Авганистан.

Освен тоа постојат и информации, дека земјотресот погодил и едно женско училиште во една авганистанска провинција, каде според информациите 12 ученици го загубиле животот, а околу 25 се повредени.

Стручни лица од Велика Британија сметаат дека овој земјотрес имал потенцијал да биде многу поштетен, но среќната околност е таа што тој удрил на длабочина од 200 километри, па последиците на површината биле помали.