Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилен земјотрес крај Нов Зеланд

Силен земјотрес крај Нов Зеланд

Земјотрес со интензитет од 5,9 степни според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Тихиот Океан, северно од Нов Зеланд, соопшти Американскиот геофизички институт.

Како што јави ТАСС, земјотресот бил на длабочина од 10 килметри под океанското дно, со епицентар на 271 километар северозападно од островот Раул.

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами.