Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСилен реформски рез, нова влада и оставки бара КПП

Силен реформски рез, нова влада и оставки бара КПП

Коалицијата за промени и правда (КПП) составена од повеќе помали партии како ДС, ФРОДЕМ, МОРО-РП и ДЕМОС побара спроведување на сериозни реформи во правосудството и полицијата без кои никогаш нема да има услови за мирни, слободни и демократски избори. Исто така се бара формирање токму на реформска влада која сите овие новите би ги спровела на дело.

„Без реформи во судскиот систем и безбедносните служби не се можни избори. Затоа бараме рекомпонирање на Републичкиот судски совет и разрешување на судиите кои учествуваа во монтирани судски процеси, формирање на посебно судско одделение во Кривичниот суд во Скопје, како и целосно реформирање и деполитизација на безбедносните служби“, соопштија Коалиција за промени и правда.

КПП бара и промена на избирачкиот модел со промена на една изборна единица за цела Македонија со цел и помалите партии да добијат свои претставници во собранието. Според нив од суштинско значење е и целосно пречистување на избирачкиот список и овозможување СЈО непречено да работи.