Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Ниту една аболиција не е поништена, што чека Иванов

Шилегов: Ниту една аболиција не е поништена, што чека Иванов

СДСМ се уште активно бара целосно повлекување на аболицијата на Иванов, за шт сега има и законски можности со кои правниот изговор веќе е надминат.

Лицето Ѓорге Иванов можеше но, не поништило ниту една аболиција. Кабинетот на Иванов, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да одговорат зошто до денеска ниту една аболиција не е поништена, праша Петре Шилегов на денешната прес конференција.

– Со ова, уште еднаш се потврди. Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Иванов го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници. Едностраните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се само обичен театар, немаат значење, не функционираат. Целосно поништување на незаконската одлука на Иванов за аболиција мора да има и ќе има, посочи Шилегов.