Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСи-Ен-Ен Турк: ИД Можно е да нападне во Турција на 1 мај

Си-Ен-Ен Турк: ИД Можно е да нападне во Турција на 1 мај

Терористичката група Исламска држава можно е да изврши самоубиствени напади во Турција на 1 мај, предупредуваат разузнавачки извори цитирани од турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Главната дирекција на турската полиција испратила соодветни предупредувања до полициските оддели во сите турски окрузи.

Според информациите на медиумот, мета на ИД се  места на кои ќе се одржат големи демонстрации поради празникот, како и врз верски објекти на христијани или евреи во реони посетувани од многу туристи или врз странски дипломатски претставништва.