Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШумски пожар ја зачади Атина

Шумски пожар ја зачади Атина

Голем шумски пожар се заканува на главниот град на Грција со ширење на густ чад, по што се размислува и за евакувација на населбите во непосредна близина. Пожарот се шири од планината Химет и има реална закана бидејќи брзо се шири поради силниот ветар. Во справување со огнената стихија се ангажирани педесетина пожарникари, противпожарни авиони, а активирано е и локалното население. Владата на Ципрас побара помош и од Европскиот центар за справување со кризи.