Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈШумахер не може да оди – потврди неговиот адвокат

Шумахер не може да оди – потврди неговиот адвокат

Поминуваат скоро три години од тешката несреќа на најдобриот Формула 1 возач, Михаел Шумахер. Германецот извесен период беше во кома, а потоа беше префрлен во приватната болница на неговото семејство каде што примаше соодветна терапија која даваше охрабрувачки резултати. Сепак, адвокатот на Шумахер, Феликс Дан, пред судот открил детали кои нема да ги израдуваат бројните фанови на 47-годишниот шампион во Формула 1.

-Тој ниту може да оди сам, ниту пак да оди и да стои со помош на физиотерапевтите, изјавил адвокатот.

Адвокатот пред судот говорел за здравјето на поранешниот возач на судската парница која била одржана откако правниот тим на Шумахер поднел тужба против магазинот „Бунте“ заради нивните објави дека Шумахер се опоравува и дека може да оди.

За потсетување, Шумахер беше на одмор со сопругата Корина и нивните две деца, кога ја удри тешко главата во карпи во зимското одморалиште Мирабел на 29 декември 2013 година.