Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеШтрајк на наставниците од центарското „11-ти Октомври“!

Штрајк на наставниците од центарското „11-ти Октомври“!

Вработените наставници од основното училиште „11 Октомври“ во скопската пштина Центар од денеска ќе штрајкуваат, наставниците ќе ги примаат децата, но нема да држат настава. Оваа одлука ја соопштија преку писмо до јавноста.

Веќе неколку месеци училиштето е дел од политичките препукувања на релација општина Центар и Министерствот за образование. Училиштето од почетокот на учебната година има двајца директори – една на Министерството за образование и еден на општина Центар.

Вработените велат дека на почеткот од штрајкот тие ќе ги примаат учениците, но настава немаа да има, а за понатаму најавуваат и генерален штрајк доколку не се реши целата ситуација.

Наставниците се жалат дека поради ова двојство тие немаат плата, не набавуваат основни средства за тековните работи, од двајцата директори секојдневно трпат мобинг…

Смената на директорските позиции дојде по индикациите за труење на учениците во септември и притисокот од дел од родителите кои се пожалија од работата на директорката Даниела Костадинова. По ова општина Центар го именува за в.д. директор Васко Лазаревски.