Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШтрајк на државниот сектор во Грција против новите мерки

Штрајк на државниот сектор во Грција против новите мерки

24 часовен штрајк на вработените во државниот сектор во Грција. По повик на синдикатот тие ќе протестираат против новите економски мерки за кои оваа недела беше постигнат договор во Брисел. За истите денеска ќе се гласа во Грчкиот парламент.

Поради штрајкот во државните болници во земјата медицинска помош ќе добиваат само итни случаи, во предупредувачкиот штрајк ќе учествуваат и фармацевтите

Синдикатот нагласил  дека новит договор е антинароден и бараат документот да не се гласа во парламентот како и да бидат спречени сите рестриктивни политики.