Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШто закопале Нацистите кои го следеле Хитлер

Што закопале Нацистите кои го следеле Хитлер

Нацистите уште во 1934-та година сметале дека нивната идеологија ќе биде доминантна во Европа и дека Третиот рајх кој го ветил Адолф Хитлер ќе биде воспоставен насекаде. Токму затоа најверојатно ја закопале временската капсула во бакарен цилиндер кој содржи вредни предмети од нацистичкото движење како што се весници од тој период, две копии на книгата „Мојата борба“ на Хитлер, стари валути и фотографии од фирерот.

nazi-kapsula2

Временската капсула на нацистите е пронајдена и ископана од археолозите на Националниот музеј во Шчецин по што предметите и се демонстрирани на јавноста, a била закопана под нацистички воен камп на територија која по војната стана дел од Полска.

nazi-kapsula

За среќа Нацистите кои планирале од оваа временска капсула да заработат многу со артефактите од предвоениот период ќе останат само забележани како губитници во историјата бидејќи Хитлер ја изгуби војната, а сега предметите може само да завршат во музеј.