Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноШто велат планетите за тоа каков ќе ви биде денот

Што велат планетите за тоа каков ќе ви биде денот

ОВЕН
За разлика од вчерашниот ден, денешниот ќе биде порелаксиран и без поголеми потреси. Доколку сте невработени, ќе добиете неколку шанси и вие ќе треба да процените што е најдобро за вас. Финансиите почнуваат да се подобруваат. Внимавајте на трошоците. Ако сте сами, постои една личност која многу ви се допаѓа, но се двоумите дали да го направите првиот чекор или да чекате личноста да реагира прва. Како стојат работите ќе се најдете на половина пат.

БИК
Некои работи ќе почнат да се менуваат преку ноќ и особено ќе бидете задоволни од информациите што почнуваат да пристигаат. Можно е да отидете на краток пат за да направите договор или некој договор ќе бара од вас да патувате. Во партнерските односи се однесувате помалку импулсивно. Партнерот ги гледа своите приоритети и како да не обрнува внимание на вас. Доколку некој ви се допаѓа, престанете да ја криете својата заинтересираност. Никој не може да претпоставува за што размислувате.

БЛИЗНАЦИ
Доколку сакате да постигнете резултати, ќе морате да направите некои компромиси и да се се приспособите на условите кои во други околности не би ги прифатиле. Вие сте научиле да живеете брзо, но во овие услови тешко се снаоѓате. Ако сте сами, едно фино познанство би можело да се претвори во убава приказна. Не избрзувајте и не се обидувајте да давате оценки уште на почетокот. Доколку сте во брак, заборавете на старите гревови и дајте му шанса на партнерот.

РАК
Имате потреба да направите промени и да започнете нешто ново. Во изминатиот период имате повлечено некои потези кои дури сега ќе дадат резултат. За подобро да се снајдете, можете да очекувате помош од пријатели или некои луѓе кои ви се блиски. Денес е можен прилив од хонорарна работа. Ниту вие, ниту партнерот сакате да направите компромис и да најдете заеднички јазик. Се однесувате како да уживате во љубоморните сцени и меѓусебното обвинување.

ЛАВ
Доколку се грижите поради некои заостанати работи ќе морате да побарате помош од колегите. Вие не сакате да зависите од никого, но административните работи ве нервираат и не можете да се справите со нив. Престанете да се однесувате како да знаете нешто што не го знаете. Колегите веќе ве имаат прочитано и свесни се дека вашето однесување е само глума. Ако сте сами, обрнете внимание на една личност со која често се дружите. Време е да ја погледнете со поинакви очи.

ДЕВИЦА
Имате голема енергија и со право очекувате промени во врска со работата. Доколку имате сопствен бизнис можно е да дојде до една соработка која многу ќе ви значи. Направете добра анализа и впуштете се во нешто ново и интересно. Ако планирате да земете кредит или заем, ова е вистински момент да го направите тоа. Во партнерските односи не дозволувајте некои работи да останат недовршени. Ставете точка на се што ве измачувало и продолжете напред.

ВАГА
Работата ви се зголемува, а со тоа и вашите обврски стануваат многубројни. Не брзајте и не се докажувајте дека можете се и веднаш. На тој начин може да направите некој превид и да ви пропадне целиот труд што сте го вложиле. Денес е можен краток пат во врска со некој договор. Ако сте сами, деновиве не сте расположени за сериозно врзување. Повеќе сакате да флертувате и да се докажувате. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не го иритирајте партнерот.

СКОРПИЈА
Имате многу заостанати обврски и време е да ги завршите. Подготвени сте да преземете иницијатива и да се справите со проблемите. Луѓето околу вас ќе бидат позитивно изненадени од вашата подготвеност да смените нешто во однос на работата. Доколку сте сами, постои една личност која е многу заинтересирана, но од ваша страна не постои никаква иницијатива. Доколку немате сериозни намери, оддалечете се и не флертувајте.

СТРЕЛЕЦ
Имате голема амбиција и не отстапувате од своите идеи. Пречките на кои наидувате уште повеќе ве мотивираат и ве тераат да одите напред. Имате потреба да се докажете, но и нешто да заработите. Финансиската ситуација почнува да се подобрува, но не се опуштајте премногу. Ако сте сами, се чувствувате заробени во минатото. Личноста која ви се допаѓа, многу потсетува на бившиот партнер. Време е да се оддалечите од таа приказна и да започнете нешто ново.

ЈАРЕЦ
Чувствувате голема тензија да го реализирате она што сте го замислиле. Постои можност за договори со странци или со странска фирма. Не избрзувајте и не правете грешки. Вашата голема желба да успеете може да ве одведе на погрешен пат. Бидете претпазливи и уште еднаш добро проанализирајте ги условите кои ви се нудат. Ако сте во брак, денес може да дојде до несогласување со партнерот. За среќа, ни вие ни тој не сте подготвени за расправија.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе имате проблем да решите некои ситуации, но не избрзувајте. Одете чекор по чекор и не дозволувајте да донесете погрешна одлука. Доколку сте невработени, постои голема шанса да добиете поволна вест. Искористете ги шансите што ви се нудат и не се откажувајте. Ако сте сами, можни се неколку нови познанства, но ни едно не е она што ви треба. Дозволете и на интуицијата да ве води и нема да згрешите. Она што го барате, наскоро ќе се појави.

РИБИ
Време е да се активирате уште повеќе и да покажете што знаете. Претпоставените ја следат вашата работа и подготвени се да ви дадат поголеми шанси. Деновиве е можно да реализирате некоја работа поврзана со странство и странци. Обидете се да вратите дел од долговите и да не дозволите да ви одземаат од енергијата. Ако сте сами, се чувствувате беспомошно. Со минатото не сте завршиле, а ново се уште не се појавува. Не очајувајте, деновиве е можен контакт со некој којшто на момент ќе разбуди нешто ново во вас.