Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимШто навистина се случува во вашиот организам по една испиена Кока Кола?

Што навистина се случува во вашиот организам по една испиена Кока Кола?

Веќе знаете дека Кока Колата има премногу шеќер и не е здрава за пиење. Но дали знаете што навистина се случува во вашиот организам кога ќе испиете една лименка ваков сок. Блогот “Truth Theory”, кој го води поранешен фармацевт по името Нираџ, кој живее во САД состави инфографик ви ја открива реакцијата која ја предизвикува во вашето тело во време од еден час по консумирањето, од првата голтка, па се до 60 минути откако сте го завршиле пијалокот.
koka lolaВо првите 10 минути: 10 лажички шеќер влегуваат во вашиот систем (100% од препорачаната дневна доза). Не добивате нагон за повраќање од прекумерен шеќер, поради тоа што фосфорната киселина го загушува вкусот и прави да го поднесете.

20 минути: Вашиот крвен притисок се зголемува, со што предизвикува покачување на инсулинот. Вашиот црн дроб реагира така што претвара колку што може шеќер во масни наслаги (во овој момент има многу од тоа).

40 минути: Апсорбцијата на кофеин е комплетна. Вашите зеници се прошируваат, вашиот крвен притисок се зголемува, а како резултат на тоа вашиот црн дроб исфрла повеќе шеќер во вашиот крвен систем. Аденозинските рецептори во вашиот мозок се блокираат, со што се спречува поспаност.

45 минути: Вашето тело го зголемува производството на допамин стимулирајќи ги центрите за задоволство во вашиот мозок. Што патем, е истото чувство што го предизвикува и консумирањето на хероин.

60 минути: Фосфорните киселини се врзуваат за калциумот, магнезиумот и цинкот во вашиот организам, овозможувајќи забрзување на метаболизмот. Ова е предизвикано од големите дози на шеќер и вештачки засладувачи кои исто така го зголемуваат уринарното исфрлање на калциум. Добивате чувство како постојано да ви се уринира. Кога целиот процес ќе заврши, вие веќе ја имате исфрлено водата од Кока­ Колата преку уринирање, па вашиот организам е дехидриран.

Секојдневното консумирање на овие состојки кои ги има во големи количини во Кока­Колата и другите слични пијалоци и храни, може да доведат до зголемен крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес и прекумерна дебелина. Имате навистина добри причини да се откажете од Кока Колата и сличните пијалаци.