Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто се договориле Андреј Ковачев и Бујар Османи?!

Што се договориле Андреј Ковачев и Бујар Османи?!

На својот ФБ профил, европратеникот од владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, Андреј Ковачев напиша:
Добър отзив на моята идея в Скопие!
Дано имат храбростта за истината!
Благодаря на министър Османи!
Исторически издържаната формулировка:
“Германският нацистки окупатор на Кралство Югославия и временната българска администрация основно съставена от местни македонски българи”.
Дали нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи, се согласил на некои отстапки во однос на нашите утврдени позиции за поимањето на „заедничкото минато“ со источниот сосед, во пресрет на меѓувладината конференција која треба да се одржи во Софија, на почетокот на ноември, под покровителство на „Берлинскиот процес“, јавноста има право да знае.
Андреј Ковачев, покрај Красимир Каракачанов, Екатерина Захариева и Ангел Џамбаски е најгласен поборник за пристикањето на Македонија, да ги прифати бугарските официјални ставови и барања во однос на историските настани и револуционери, кои се дел од македонското национално ткиво, за кои официјална Софија, децении наназад смета дека припаѓаат на нејзината историска колевка.