Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаШто побрзо нова влада која ќе враќа долгови кон домашните компании

Што побрзо нова влада која ќе враќа долгови кон домашните компании

Новата реформска влада која ја најавува СДСМ со нејзините коалициони партнери од албанскиот блок ќе мора покрај на политичките реформи, да се посвети што побрзо и на домашната економија, бидејќи бизнисмените очекуваат да им бидат вратени долговите од страна на државата.

mile boskov

 

„Се` се врти околу парите, бидејќи веќе е загрозена ликвидноста и треба да најдат сили во новата влада да ги раздолжат сите обврски кои ги имаат кон приватниот сектор. Нормално треба да ги раздолжат и меѓу себе во јавниот сектор, но многу е важно парите да почнат да се вртат во приватниот сектор. На некој начин, ова е многу народски кажано дека недостасуваат пари, недостасува свеж капитал, обртни средства и средства кои ќе бидат потребни за реинвестирање“, вели  Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

И бизнисменот Шефкет Алити со став дека неликвидноста е најголемата болка која ги мачи приватните компании. Новата влада не смее да продолжи да се однесува неодговорно и да не ги исплаќа на време долговите кон стопанството, вели Алити.

„Долговите што ги имаат кон компаниите, и тоа Владата, општините и јавните претпријатија, која сума е над една милијарда евра, да се вратат итно на компаниите и во иднина да не се случува да не бидат плаќани, како што биле веќе со години“, вели Алити.

Алити испрати уште неколку препораки за подобрување на бизнис климата: поддршката од европските фондови да не оди преку банките туку директно до компаниите, народните пари наместо за непродуктивни објекти и споменици да се трошат за изградба на производствени капацитите и сточарски фарми, како и да се промени системот за привлекување странски инвестиции.

Извор: alsatm.mk