Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто остана од сметката на владата за трошење?

Што остана од сметката на владата за трошење?

главната контра пропаганда која провмрвоските медиуми може да ја изнајдат во денот кога Заев го доби мандатот за формирање на новата влада е дека кога ќе се формира кабинетот на располагање ќе имале 180 милиони евра за нови проекти, но и тековни обврски.

Од почетокот на годината собрани се 57 милијарди денари од даноци и придонеси. Собрани се и 5 милијарди денари неданочни добивки. Приходната и расходната страна се урамнотежени. Дефицитот е речиси анулиран и се движи околу 1 процент.

Во 2006 та година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, околу три милиони евра предвидени за годината, веќе биле платени трошоци од над два милиона евра.

Остатокот од околу еден милион евра бил планиран за плати, наемнини и за надоместоци. Ова значи дека Владата немаше пари за плаќање на другите финансиски обврски, кои се натрупале во изминатите месеци. Причина се, како што пишуваше „Дневник“, многуте судски решенија за присилна наплата на долгови кон фирми и граѓани направени изминатите години.

Кон крајот на август 2006тата година по присилната наплата на доспеани долгови направени пред 2006 тата година сметката на Владата беше блокирана откако се активирале две решенија за присилна наплата на долг од околу 422.000 евра, побарување кон вработени од јавното претпријатие ГА-МА.