Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто остана да се дели од Југославија – Конференција за сукцесијата во Љубљана

Што остана да се дели од Југославија – Конференција за сукцесијата во Љубљана

Шесте републики на поранешна Југославија во вторник во Љубљана ќе одржат конференција по повод 15 години од Договорот за сукцесија кој предвидува поделба на заедничкиот имот и добра, како и меѓусебни и меѓународни односи.

jugoslavija karta

На конференцијата, на покана на словенечката висока претставничка за наследство Ана Полак Петрич, ќе учествуваат и високите претставници за наследство на Босна и Херцеговина, Мирсад Жуга, на Хрватска, Андреја Метелко-Згомбиќ, на Македонија, Елена Кузмановска и на Србија, Родољуб Етински.

Целта е да се придвижат работите кон поцелосно исполнување на Договорот за сукцесија за кој дел од државите се уште не превзеле конкретни чекори за поеднакво исполнување на обврските. Конференцијата ќе послужи и за анализа на политичките влијанија на екс југословенските земји откако заедницата веќе не постои.