Monday, Sep 14, 2020
HomeГОВОРНИЦАКолумнаШто носи корона кризата? Промена на глобалната економија, комерцијализација на здравството, бришење на средната класа, провоцирани револуции

Што носи корона кризата? Промена на глобалната економија, комерцијализација на здравството, бришење на средната класа, провоцирани револуции

global-coronavirus

Надежите се топат една по друга

Првата исчезна со веројатноста дека САРС-КоВ-2 има сезонски карактер, втората дека топлото време ќе ја ублажи пандемијата… Понатаму, увереноста на јавноста дека науката има способност за инстант разоткривање и решавање на вирусот, исто така, брзо се покажа како погрешна. Но, едно нешто што пречесто се нагласува, а тоа е „мантрата“ дека треба изодување подолг пат (години, дури и децении) до пронаоѓање ефикасна и безбедна вакцина и лекови. За тоа постојат неколку причини. Прва од нив е користа, која на полето на владеење во услови на економија на постојан шок и пресија (а сега се гради токму таква економија) пандемијата им ја носи на политичките и стопанските елити. Втората причина е идентична со инструментите на нафтениот бизнис. Цената на нафтата се регулира со количеството нејзино производство – со намалување на производството цената на светскиот пазар расте, а со негово зголемување, таа паѓа. Одлуката за тоа кога цената ќе расте, а кога ќе паѓа не зависи само од економските потреби, туку и од пошироката геополитичка слика и интересите на големите глобални играчи.

Доколку има потреба да се притисне Русија, цената брзо се намалува, но доколку е неопходно да се притисне Кина како еден од најголемите светски увозници на енергија, тогаш цената нагло расте. И покрај тоа што постои целосен регулаторен механизам, воспоставен од страна на водечките производители на енергенси (земји-членки на ОПЕК), одлуката во основа е секогаш во рацете на Вашингтон, односно индиректно во оние на Саудиска Арабија, како клучен дел од американскиот петродоларски систем.

Жестока реакција

Истата приказна ќе се случува и со фармацевтските производи во борбата против ковид-19. Во прилог на тоа оди и фактот што уште сега, на самиот почеток на корона-одисејата, СЗО жестоко реагираше и остро ја предупреди Русија да не создава проблеми на пазарот и да не игра соло-улога. Повод за реакцијата беше објавата на Москва дека произвела ефикасна вакцина без несакани ефекти и најавата дека масовно ќе го вакцинира своето население. Преку устата на својот портпарол Кристијан Линдмаер, Светската здравствена организација ја повика Русија „да ги следи меѓународните упатства за производство на вакцина против ковид-19“. Преведено на секојдневен јазик, ова не значи ништо друго, освен предупредување дека со својот едностран потег, Русија доведува до опасност нешто што за светската фармацевтска индустрија очигледно е веќе дел од развојниот и финансиски систем, за кој светската јавност не знае ништо.

Ова е всушност и првата индиректна најава за постоење на веќе воспоставен и единствен комерцијален производствен систем за вакцина против корона вирусот. Ништо невообичаено, кога се знае дека СЗО повеќе не ја финансираат само земјите-членки на ООН – како што беше замислено во времето на нејзиното основање по Втората светска војна – туку и приватни корпорации поврзани со фармацевтската индустрија, кои постојат само заради остварување профит. Во спроведувањето на својата агенда за финансирање на СЗО, а со тоа инсталирање на своето влијание врз нејзиното работење, тие ги користат фондациите каква што е онаа на Бил и Мелинда Гејтс, инаку, втор по големина донатор на СЗО. Впрочем, ниту една здравствена криза во современиот свет не е решена по пронаоѓањето вакцина за детска парализа. Секако, сè уште не е најден ни лекот за ХИВ, кој во текот на неколку декади толку многу го има изменето светот, што луѓето не се ни свесни за тоа. ЛГБТ-заедниците, кои, случајно или не, беа први на ударот на ХИВ, реагираа онака како и што се очекуваше од нив – испливаа од подземјето на општествената, а потоа и на политичката сцена. Ковид-19 уште долго ќе ја чека својата разврска, затоа што мора да ја одработи својата задача, која во овие моменти можеме само бледо да ја распознаеме низ маглата од тајни и прашалници.

Инструмент за промена во глобалната економија

Сè поверојатна е можноста дека се работи за подол инструмент за промена во глобалната економија, каква што светот нема видено уште од времето на првата индустриска револуција. Четвртата и петтата револуција од овој тип, кои надоаѓаат, како и зелената економија што се раѓа со нив, ќе ги преформулираат општеството и економијата на глобално ниво. Силината на овој удар ќе биде толку голема, што ќе ја преуреди и целокупната социјална стратификација, притоа комплетно разорувајќи ги класите и социјалните групи и создавајќи некои нови во атмосфера на трансхуманистичка идеологија. Како некогаш Фридрих Ниче (пред да заврши во лудница), и таа најпрвин ќе го убие Господ, а потоа повторно ќе се обиде да создаде натчовек. Да се потсетиме – неговото одрекување од Бога за кратко време создаде авторитативни системи на комунизам и национал-социјализам. Истото тоа ќе се случи повторно, уште повеќе затоа што овој пат не само еден Ниче, туку цела армија од филозофи и политички егзекутори, за многу пократко време и со многу поголема ефикасност ќе сакаат да го убијат Господ.

Сега веќе е сосема јасно дека доколку продолжи ваквиот тек на настани, а тешко се гледаат причините поради кои не би продолжил, средната и работничката класа наскоро ќе исчезнат.

Десоцијализирани и деловно распрснати граѓани

Во духот на веќе присутната убиствена работа од дома (која во почетокот израдува многумина), граѓаните ќе бидат десоцијализирани и деловно распрснати, сè додека, по некоја година, не сфатат во каков психолошки и социјален пекол биле втурнати.

Намалувањето на социјалната интеграција и виртуелните контакти ќе го зголемат веќе и онака големиот манипулативен капацитет на општеството, зголемувајќи го влијанието на владејачките финансиски и политички елити и намалувајќи го она на традиционалните структури, при што црквата ќе биде прва на удар, а потоа следува и функционирањето на суверените национални држави. Ќе има обиди за минимизирање на нивното влијание, за отворање простор за корпоративниот авторитаризам. Сево ова ќе заврши со структурирање на двата социјални пола – владејачката елита и остатокот од општеството, сведен на безнадежен пролетаријат, без можност за напредок или каква и да било промена на воспоставената состојба. Всушност, за потребите на тесниот круг на одбрани, кои се на врвот на моќта, ќе се создаде еден неверојатно хибриден идеолошки, економски и политички систем на практичен комунизам, ако не и уште поголема обесправеност на мнозинството од населението. Таков е барем засега мастер-планот на неолибералната агенда, на кој се работи со полна пареа, а дали ќе успее, останува да се види. Но, кога во досегашната историја моќниците не успеале да ги реализираат своите замисли?

Тези во прилог на тврдењата дека корона вирусот е исклучително софистицирано оружје

САРС-КоВ-2 е биолошко оружје, бидејќи тоа може отворено да се каже – ги има сите особини на исклучително софистицирано оружје со голем ефект на терен. Тој допрва треба да го заврши својот дел од работата на општествената и политичка сцена. Доказ за неговото силно влијание на политички план се масовните протести во Берлин против мерките за контрола на заразата и расправите и поделбите низ светот за влијанието на политиката врз институциите за јавно здравје, кои директно се борат против пандемијата.

Под закрила на пандемијата на ковид-19 се случува епохална трансформација на неолибералната економија преку доктрината на шок и креирање ефикасни авторитативни механизми за контрола на граѓаните.

Инаку, ова е предуслов за опстанок на модерната економија, која го напушти пазарот и се сврте кон владеењето на привилегирани економски субјекти, со поддршка на државата, која во западните демократии повеќе нема да им служи на граѓаните, туку само на економските моќници. Па, така, кога некоја бабичка, нападната од страна на некоја телевизиска екипа ќе изјави дека би ја користела апликацијата за борба против ковид-19, но не поседува паметен телефон за да го направи тоа, тогаш тоа не е причина за исмејување, туку за загриженост. Таа има обичен мобилен телефон со големи копчиња и неколку меморирани броеви од своите деца и внучиња, а сега од неа се очекува инсталирање на некакваси апликација во врска со корона вирусот.

Нејзината изјава во стилот на „царот е гол“ истовремено подобро од сто аналитичари ја објаснува сета трагичност на она што во иднина ги очекува граѓаните, кои се под налетот на технолошките револуции и бунилото на корона-кризата. Со еден збор – ги очекува беспомошност.

Во процесот на престројување на светската економија во лудилото на пандемијата и под штитот на авторитативните мерки насочени против ширење на заразата, многу полесно и побрзо ќе се спроведат во дело и идеолошките поставки на фамозната зелена идеологија и ќе се удрат темелите на новата зелена економија, како составен дел на четвртата индустриска револуција.

Нов технолошки монопол на најмоќните држави во светот

Зелената економија е смислена, пред сè, за создавање нов технолошки монопол на најмоќните држави во светот. Веќе во својата почетна фаза на спроведување, зелената агенда поттикнува контроверзии и отпор на оној дел од граѓаните, кои, на пример, не можат да замислат водата за пиење да се користи како енергенс, односно како извор на новото зелено гориво – водородот. Сега станува јасно зошто со децении кружи приказната дека водата ќе биде ресурс на иднината, околу кој ќе се водат војни. Во времето кога настана оваа теза, сите сметаа дека се работи за меѓусебен натпревар за вода за пиење, но на крајот од приказната за зелена економија стана очигледно дека навистина ќе се водат војни заради вода, но не заради физиолошките потреби на луѓето – тоа ќе биде војна за енергетски извори, иста како оние што денес се водат за гасни и нафтени наоѓалишта.

Едноставно, чашата вода не може веќе да се гледа само како чаша вода за пиење, туку во духот на зелената идеологија, на неа мора да се гледа како на чаша полна со енергенс. Имено, еден од големите планови на зелената економија е производство на водород по пат на електролиза, примарно гориво што би требало да ги замени сите други. Ако електричната енергија (која се користи за оваа операција) се добива од обновливи извори на енергија, ветер и сонце, тогаш водородот добиен на овој начин ќе биде зелен водород – „светиот грал“ на зелената идеологија. Економијата немилосрдно ќе го троши новото гориво и ќе биде само прашање на време кога некој ќе мора да ја рационализира потрошувачката на вода за пиење кај населението. Ситуацијата ќе биде слична на онаа со производството на маслодајна репка за добивање биодизел-гориво. Уште во самиот почеток, масовното производство на оваа земјоделска култура го „грабна“ земјиштето наменето за производство на храна за луѓето, загрозувајќи го на тој начин и целокупното земјоделство. Оттука, може само да претпоставиме какви епохални последици ќе предизвика екстракцијата на водород од водата, која е наменета за потребите на населението, а подоцна и од онаа морската.

Морето се смета за непресушен и обновлив извор на енергија, но се занемарува фактот дека тоа не е обична водна маса, туку природна заедница на живи организми, кои егзистираат во уникатна животна средина. Преку процесот на десалинизација (отстранување на солта од морската вода), овој екосистем уште сега се користи за производство на вода за пиење, но ова е сосема оправдана употреба на водата од морето, затоа што служи за задоволување на основните човекови животни потреби.

Јасно е дека планираните количества производство на зелена енергија во форма на зелени водородни молекули од морскиот екосистем, претставуваат чиста перверзија и деструкција на животната околина. Уште во почетните моменти на практична и теренска апликација на зелената идеологија, граѓаните почнаа да сфаќаат што всушност се случува во рамките на нејзината концепција. Властите жестоко реагираат на секое дополнително прашање или несогласување, па сходно на тоа, оваа идеологија рапидно се радикализира и се претвора во зелен авторитаризам.

Секој силен отпор логично бара примена на директна или индиректна сила, за што совршено ќе послужат мерките за контрола на бескрајната пандемија на ковид-19.

На социјален план, под закрила на долгогодишната корона-криза, ќе биде спроведена една обемна десоцијализација: физичко раздвојување и уништување на граѓанската блискост, како и разорување на социјалните заедници, од кои можеби најважна е онаа верската.

Новата епохална реконструкција на светската економија бара да се намали физичката интеракција меѓу луѓето

За успешно спроведување на новата епохална реконструкција на светската економија, неопходно е да се намали физичката, директна интеракција меѓу луѓето и комуникацијата да се пренасочи само кон онаа електронската, која во суштина нема никакво значење во сферата на социјалните односи и нивната динамика. Никаква електронска комуникација не може ефикасно да ги организира граѓаните, а приказните за одредени интернет-револуции, организирани на социјалните мрежи, какви што беа, на пример, револуциите на т.н. Арапска пролет, претставуваат чиста измама.

Провоцирани револуции

Тие револуции не беа спроведени од страна на некаква млада генерација на социјалните мрежи, туку од стари и искусни дипломатски и разузнавачки структури. На социјалните мрежи не може ништо да се почне или да се менува. Она што може да се направи е да се поттикнат краткотрајни ексцесни ситуации, кои, за волја на вистината, се многу корисни за манипулативните цели на секоја современа власт. На глобален план, корона-кризата ги затвора трговските канали од Кина и Азија кон Европа и САД, а со нив и работните места. Глобализацијата стана прескапа и непотребна, затоа што уште сега има сè помала потреба за пренос на производството во сиромашни земји, како начин да се профитира од поевтина работна сила. Едноставно, за такво нешто повеќе нема да има потреба, зашто стопанските и политички елити ќе обезбедат евтина работна сила и во своите матични земји, откако ќе ги претворат своите граѓани во сиромашен прекаријат (најниска класа работници, кои немаат сигурна работа и работнички права, а не добиваат ниту заштита при работата).

Покрај тоа, се увезуваа и сè уште се увезуваат голем број емигранти, кои, порано или подоцна, ќе бидат принудени да работат за низок надомест ако не сакаат да се вратат во своите матични држави. Дополнителен проблем е што некогашните извори на евтина работна сила, пред сè Кина, со текот на времето станаа моќни конкуренти. Поттикнат од страна на Западот, разбудениот кинески џин достигна економско ниво на развој, кое му обезбеди нова способност за глобално дејствување и наметнување на опасна конкуренција во однос на САД и Европа.

Неодолива мамка

Огромниот кинески пазар за европски производи ќе остане неодолива мамка и гарант за понатамошна економска соработка, меѓутоа, намалувањето на прекумерната зависност од увоз на кинески производи и индустриски компоненти преставува процес што е неповратно започнат. Тој е важен елемент во големото пренасочување на економијата.

Покрај горенаведеното, важно е да се знае дека речиси 80 отсто од транспортот на стока и индустриски компоненти од Кина и Азија кон САД и Европа се врши по морски пат. Поради новата европска зелена политика, поморскиот транспорт, како голем потрошувач на фосилни горива, неизбежно ќе поскапи. Во склоп на својот „Нов европски зелен договор“, ЕУ ќе наметне дополнителни давачки за производите и услугите со прекумерни емисии на јаглерод диоксид, каде што со сигурност ќе се најде поморскиот транспорт. Ова е дополнителна причина за намалување на бројот на маршрутите за снабдување.

Нема никаков сомнеж дека корона-кризата ќе трае многу долго, онолку колку што е потребно за да се изврши епохалната реконструкција на постојниот економски модел, која ќе вклучува сериозни социјални пресврти, исчезнување од сцената за цели класи и создавање некои нови. Тоа ќе биде процес еднаков на оној произведен од страна на првата индустриска револуција. Исто така, повеќе од јасно е дека една таква голема трансформација во економијата и општеството не би можела да биде реализирана без помала или поголема употреба на сила. Корона-кризата, која ќе трае со години и неизбежно ќе бара дополнителни мерки за принуда на граѓаните, совршено се вклопува во целата рамка на гигантски економски и социјални промени.

Автор: Марио Стефанов

Извор: 7dnevno.hr и Само Мој Став