Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШто навистина е најдено во водите на Дојранско? Хемичарите објаснуваат…

Што навистина е најдено во водите на Дојранско? Хемичарите објаснуваат…

Институтот за јавно здравје го забрани капењето во Дојранското езеро во екот на туристичката сезона. Оттаму велат дека причината е бактериолошката и хемиската неисправност. Од друга страна, од жителите на Дојран прашуваат дали е ова неопходна мерка. Неколку лица од Дојран се обратија до нашиот медиум велејќи дека во испитаните примероци не е утврдено присуството на очекуваната бактерија Ешерихија Коли од фекално потекло, ниту Ентерококус од фекално потекло. Според нив, ова е хајка за да се разниша угледот на Општина Дојран и да се уништи претстојната туристичка сезона.

Еве што велат од Институтот за јавно здравје за Дневник.

Во водата во Дојранско Езеро утврден е зголемен број колиформни бактерии кои сами по себе не се патогени
бактерии, но се индикатори за можно присуство на патогени бактерии. Затоа е воведена забраната за капење во езерото. Во испитаните примероци не е утврдено присуство на очекувана Ешерихија коли од фекално потекло, ниту Ентерококус од фекално потекло. Со лабораториската анализа утврдено е присуство на слатководни алги кои веројатно го супримираат растот на патогени бактерии.

Позитив.мк контактраше хемичар кој побара да остане анонимен. Тој вели дека наводот: „Со лабораториската анализа утврдено е присуство на слатководни алги кои веројатно го супримираат растот на патогени бактерии“ значи дека: поради алгите кои се наоѓаат во езерото, растот на патогените бактерии е речиси целосно оневозможен. Тоа значи дека водата е безбедна за капење.

Дали ова ги потврдува тврдењата на Дојранчани?

Од Институтот потенцираат и дека пливањето во вода со зголемен број на колиформни бактерии го зголемува ризикот за појава на стомачни тегоби, проливи, повраќање, инфекции на ушите или кожни инфекции. При тоа ризикот е присутен кај лицата со намален имунитет, хронично болни лица или мали деца. Превентивна мерка за капачите што не ја почитуваат забраната е да се истушираат со чиста и безбедна вода веднаш по капење во езерото. Хемичарот кој го контактиравме исто така препорачува туширање со чиста вода по излегување од езерото.