Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто ќе открие „За заедничка Македонија“ во петок?

Што ќе открие „За заедничка Македонија“ во петок?

Денеска се одржаа нови протести на иницијативата „За заедничка Македонија“ од каде најавија дека ќе демонстрираат до петок, а потоа ќе откриле важни пораки.

– Законодавниот дом и денес не избра претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа, тоа е нова победа. Браво за сите нас, нова голема победа за сите граѓани кои се на улиците, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Црвено-жолтата линија нема да ја поминат. Пред нас имаме нова недела кога треба да го одбраниме Уставот и да не дозволиме избор на Претседател на Собрание кој под перница ја чува тиранската платформа. А во петок ќе соопштиме важни информации и планови за наредниот период, велат од иницијативата.