Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XШто е полошо, наргиле или 100 испушени цигари?

Што е полошо, наргиле или 100 испушени цигари?

Светската здравствена организација предупредува: наргилето е многу поопасно од цигарите! На што се должи овој факт?

Истражувањата покажале дека еден пушач во просек вдишува 12 пати, додека пак, во едночасовно пушење наргиле се вдишува 200 пати.

„Чадот од тутунот содржи голем број канцерогени супстанци кои ги оштетуваат клетките. Само една оштетена клетка може да се подели и размножи неконтролирано, па потоа брзо да доведе до појава на голем тумор. Ова обично се случува при појавата на рак на белите дробови“ – објаснува професорот Роберт Вест, кој ја предводи катедрата за истражување на влијанијата од тутунот на Универзитетот во Лондон.

smokingnargileНека не ве залажува чадот од наргилето кој мириса поубаво од оној на цигарите, бидејќи наргилето ги содржи истите токсини кои можат да предизвикаат појава на рак или срцеви заболувања. Исто така, поради фактот што наргилето го користат повеќе луѓе одеднаш, голема е шансата да се пренесат и други болести како туберкулоза и хепатитис.