Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимШто да направите ако ве фати грч додека пливате

Што да направите ако ве фати грч додека пливате

Дури и на најискусните пливачи понекогаш им се случува, додека се во вода, одеднаш нешто да ги „стегне“, најчесто во ногата. Зошто воопшто доаѓа до овој проблем со неконтролираните контракции на мускулите. До грчеви на мускулите доаѓа во текот на наглото истегнување на стапалата. Овој проблем најчесто се јавува во текот на пливањето, бидејќи стапалото речиси цело време е под напор.

Постојат 3 основни причини поради кои доаѓа до грч во мускулите, тоа се:
– премногу ниско ниво на електролити:
– интензивен напор;
– некои медицински состојби

Како да се избегнат грчевите во мускулите?
Најважно од се е штом почувствувате грчење на мускулите, веднаш да престанете да ја изведувате активноста што ја правите. Во овој случај, би требало да престанете да пливате, што не е можно, барем не додека да стасате до брегот или до работ на базенот. Пливањето е еден од ретките спортови кои не дозволуваат да ја прекинете активноста, без оглед ана грчот во мускулите, бидејќи би можеле да се удавите.

Но, еве што можете да направите:
– одржувајте се на површината на водата, истегнувајте го и масирајте го мускулот штом ќе почувствувате грч;
– што побрзо излезете од водата;
– ако грчот не помине во рок од 5 минути, продолжете да го масирате мускулот;
– не продолжувајте со интензивното пливање се додека чувството на непријатно стегање конечно не исчезне.