Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеШтабот за заштита и спасување на Град Скопје подготвен за интервенции за заштита од пожари на овие пеколни температури

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје подготвен за интервенции за заштита од пожари на овие пеколни температури

 

 

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје е целосно подготвен да одговори на сите предизвици и зголемената опасност од појава на пожари поради високите температури во летниот период, соопшти денеска канцеларијата за информирање на Град Скопје.

Штабот, според соопштението, располага со 65 цистерни, над 20 товарни возила, осум скипови, 11 бобкет возила, еден голем багер и друга опрема за гасење пожари во урбана средина и на отворен простор, како и повеќе лесни теренски возила.

Околу 500 лица е човечкиот потенцијал со кој располага Штабот, кој го сочинуваат јавните претпријатија „Водовод и канализација”, „Паркови и зеленило”, „Улици и патишта”, „Комунална хигиена”, „ЈСП – Скопје”, „Градски паркинг” и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во изминатата недела Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје имала 74 интервенции, од кои 60 на отворен простор, 3 на објекти, 3 на автомобили, 3 технички интервенции и 5 други интервенции.

– Штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ја следи состојбата на подрачјето на Скопје и ако има потреба ги активира сите неопходни единици за справување со состојбите, а воедно ги повикува граѓаните со своето учество да придонесат за намалување на пожарите, односно да се придржуваат до мерките за превенција од пожари, но и доколку забележат  евентуални пожари веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 195, соопшти Град Скопје.