Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШпигл: ЕУ поготвува санкции за Македонија и блокирање на сметки на политичари

Шпигл: ЕУ поготвува санкции за Македонија и блокирање на сметки на политичари

Забрана за патување и блокирање на сметки за одредени македонски политичари. А се размислува и за кратење на претпристапната помош, го пренесува Дојче веле пишувањето на германскиот неделник Шпигл.

Во ЕУ се разговара за забрана за патување и блокада на сметки на водечките македонски политичари. Германски Шпигел јавува дека Меркел го предупредила Груевски да престане со блокадата, пренесува Дојче веле.

Земјите-членки на ЕУ започнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија, објавува Шпигл.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции, изјави еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“, пренесува неделникот.

Голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите-членки и на институциите поради долготрајниот политички ќорсокак во земјата.

Од парламентарните избори во декември минатата година, политичките сили во земјата неуспешно се обидуваат да формираат нова влада. Иако социјалдемократите имаат мнозинство заедно со партиите на етничките Албанци, досега претседателот Ѓорге Иванов одбиваше да им даде мандат за формирање влада. Германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на Европските народни партии во Малта го предупредила поранешниот македонски премиер Никола Груевски да престане со блокадата на формирањето на новата влада“, пишува германскиот магазин.

Според Шпигл, се планираат два вида санкции против Македонија. Забрана за патување и блокирање на сметки за одредени македонски политичари. А се размислува и за кратење на претпристапната помош – пари кои Македонија ги добива во рамките на подготовките за членство во ЕУ.