Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШпански Суперкуп: Декласирање на фаворитот, Билбао ја надмудри Барселона

Шпански Суперкуп: Декласирање на фаворитот, Билбао ја надмудри Барселона

Вчеравечер се одигра првото мало финале од Шпанскиот Суперкуп кое, изненадувачки, беше настроено кон тимот од „Сан Мамеш“ кој буквално го декласираше актуелниот европски шампион со одличен резултат од 4-0.

Сан Хозе ја отворија серијата на голови во 13-тата минута и буквално ги размрда навивачите на стадионот. Останатите три погодоци му беа препуштени на Адуриз кој донесе историска победа за својот клуб.

Несомнено е да се напомене дека Билбао изигра перфектни 90 минути, додека избраниците на Луис Енрике очигледно не успеаја да се опорават физички и кондиционо од финалето на европскиот Суперкуп во кој се изнамачија да ја победат Севиља. Реваншот на овој натпревар ќе се одигра во понеделник, 17-ти август.

https://www.youtube.com/watch?v=wDMBrhDnXLg