Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШпански скали ќе се градат на плоштад – СДСМ обвинува за државен рекет

Шпански скали ќе се градат на плоштад – СДСМ обвинува за државен рекет

Град Скопје даде зелено светло за изградба на Шпански скали на Плоштадот Македонија. Советниците на Град Скопје ја одобрија изградбата со 24 гласа „за” и 10 гласа „против”. Новата барокна градба ќе го чини градот 1.580.000 евра.

Зградата ќе биде висока 16 метри, а во нејзин склоп ќе бидат и скалите. На главниот влез ќе има две кочии со коњи, а од надворешната страна целиот објект ќе биде опкружен со околу 25 склуптури. Скалите ќе ги гради компанијата „Амадеус груп“, а за изградбата инвеститорот беше ослободен од комуналии. Токму тоа предизвика осуда од страна на опозициската СДСМ.

Според координаторот на советничка група на СДСМ, Дамјан Манчевски, опозицијата предупредувала многу порано дека се работи за државен рекет, кој според него многу брзо од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето од комуналии со градба на Шпанските скали на негова сметка.