Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРекорд годинава: Шпанската полиција заплени околу 15 тони хашиш

Рекорд годинава: Шпанската полиција заплени околу 15 тони хашиш

Шпанската полиција заплени околу 15 тони хашиш на брод во Средоземното Море, што е најголемо количество на дрога конфискувано оваа година, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Уапсени се холандски и бугарски државјанин. Операцијата е извршена како дел на европската иницијатива „Индало“ за следење на бранот илегална миграција и криминалните дејствија долж средоземноморскиот брег од Северна Африка.

Минатиот месец шпанската и италијанската полиција запленија над три тони хашиш во вредност од два милиона долара во брод покрај брегот на Италија, при што беа уапсени 19 полски членови на меѓународна криминална група за шверц со дрога.

МИА