Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШпанија се мачеше, но славеше: Пике ја сруши Чешка

Шпанија се мачеше, но славеше: Пике ја сруши Чешка

Фудбалската репрезентација на Шпанија со победа ја започна одбраната на титулата на Европското првенство во Франција. Екипата на Висенте Дел Боске во првото коло од групата Д ја совлада Чешка во Тулуз со минимални 1:0, преку погодокот на Пике во 87 минута од натрпеварот. Бранителот на титулата како и што се очекуваше имаше поголем посед на топката и многу повеќе прилики, но Мората, Нолито и Силва никако не успеваа да го совладат Петар Чех и се чинеше дека Чесите ќе извлечат бод од оваа средба.

Сепак, три минути пред крајот Пике се најде на вистинското место после центаршутот на Иниеста и донесе важна победа за Шпанците на стартот на турнирот. Претходно во првиот натпревар од групата Д репрезентацијата на Хрватска ја доби Турција со 1:0, а во петок ќе се одиграт натпреварите помеѓу Шпанија:Турција и Хрватска:Чешка.

Шпанија-Чешка 2
Текот на натпреварот:

Чешка не се исплаши и добро го започна натпреварот во Тулуз. Во петата минута екипата на Павел Врба имаше добра прилика од прекин на работ од казнениот простор, но не успеаја посериозно да го загрозат голот на Де Геа. Шпанците во првите десет минути не успеваа да ја развијат својата игра на кратки пасови, а првиот сериозен напад кон голот на Чешка го имаа во 14 минута кога Иниеста центрираше од левата страна при прекин, но одбраната на Чешка добро реагираше.

Првата вистинска прилика Шпанците ја имаа во 16 минута. Хуанфран успеа да го проигра Силва кој направи продор по десната страна, но ударот на Мората успешно го одбрани Петар Чех. Шпанците продолжија да играат многу посигурно, а Чесите се помалку ја имаа топката во свој посед. Во 29 минута Мората повторно се најде во прилика. Ја прифати топката на левата страна на самиот раб од шестнаесетникот, успеа со финта да исфрли од игра еден противнички играч, но не беше прецизен.

Шпанија-Чешка-2

Нова добра акција на Шпанците можевме да видиме во 39 минута. Андреас Иниеста мајсторски го проигра Алба кој се обиде со удар од косо од левата страна да ја затресе мрежата, но Чех повторно бранеше. Во 41 минута и Силва можеше да ја затресе мрежата. Тој ја избегна офсајд замката, но Чех истрча на време. Веќе во првата минута од второто полувреме Шпанците повторно им се заканија на Чешка.

Овој пат после акцијата на Мората, малку фалеше Хубник да си постигне автогол, а после изведениот корнер одлична прилика имаше и Серхио Рамос. Чесите можеа да ја шокираат Шпанија во 57 минута, а повторно во центарот на вниманието беше Хубник. Тој се најде во одлична прилика после центаршут од десната страна, но не успеа да ја зафати топката онака како што сакаше и тоа беше лесна одбрана за Де Геа.

Шпанија Чешка 4

Чесите после 20 минути поминати во вториот дел се ослободија од притисокот, а погодок можеа да постигнат во 65 минута. Гебре Селасие се најде во одлична прилика после изведен корнер, но одбраната на Шпанците успеа да интервенира. Шпанците стануваа се по нервозни во завршницата од натрпеварот, па во некои акции и на сила се обидуваа да ја пробијат одбраната на Чешка. Во 73 минута Силва имаше добра прилика за шут на работ на казнениот простор, но шутираше слабо и далеку покрај голот.

Четири минути пред крајот Шпанија сепак дојде до водство. Иниеста одлично центрираше од левата страна, а на вистинско место се најде Пике и рутински со глава ја смести топката во голот на Чех за 1:0. Во последните моменти од натпреварот Дарида можеше да ги шокира Шпанците, но иако имаше одлична позиција за шут, тој биеше директно во Де Геа.