Monday, Dec 18, 2017
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласШпанија: Добиле отказ бидејќи 15 години не се појавиле на работа

Шпанија: Добиле отказ бидејќи 15 години не се појавиле на работа

shpanija-2

Двајца вработени во Градскиот совет на Херез де ла Фронтер, во покраината Андалузија во Шпанија се отпуштени откако беше утврдено дека речиси 15 години не се појавиле на работните места.

Двајцата мажи во текот тој временски период уредно примале плата, а грешката е откриена кога било утврдено дека возачот и градинарот не работеле од јануари 2015 година до мај 2016 година.

Со понатамошните истражувања утврдено е дека периодот на нивното отсуство е многу подолг и дека во последните 15 години не дошле ниту еден ден на работа.

Генералната унија на работници наведува дека вработените едноставно ги искористиле насобраните прекувремени часови кои се претворени во слободни денови и дека целиот случај е целосно легален.

Унијата дозволува размена на слободни денови меѓу работниците и наведува дека мажите исто така ги искористиле слободните денови на своите колеги.

Од друга страна, Градскиот совет образложи во соопштението дека едноставно сака да се елиминираат неправедно стекнатите навики на работниците кои предизвикуваат значителна штета, како и на самиот совет и неговите услуги, така и на ошетената градска каса.

Во истата покраина минатата година е казнет 69-годишен Шпанец откако функционери на јавната администрација каде што работел открија дека шест години не се појавил на работното место.