Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласШпагети чудовиште снимено на дното на океанот

Шпагети чудовиште снимено на дното на океанот

Екипа на British Petroleum сосема случајно снимиле необично шпагети чудовиште на локациите каде се врши ископување на нафта од дното на океанот во водите на Ангола. Снимката потоа била испратена до биологот Даниел Џоунс од Националниот центар за океанографија од Велика Британија кој за шпагети чудовиштето вели дека е вистинска реткост и дека припаѓа на видот мекотели кои се блиски до коралите и медузите. Ова суштество од фамилијата сифонофри со пипците може да достигне и до 40 метри должина со што е едно од најголемите на планетата.