Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисШоуменот „Ноле“ отсега пред камера 24/7

Шоуменот „Ноле“ отсега пред камера 24/7

Ниту најдобриот тенисер на светот не можеше да им одолее на „американските“ реални шоуа. Новак Ѓоковиќ ги изненади сите со еден необичен чекор во својата кариера. Тој годинава ќе стане ѕвезда на реално шоу, кое ќе го следи неговиот живот.

Емисијата која едноставно ќе се вика „Ноле“ ќе биде емитувана на платформата Амазон Прајм во САД, Велика Британија и Јапонија, најавил српскиот тенисер на УС Опен, каде по седми пат се пласираше во финалето по победата над Французинот Гаел Монфилс.

– Моите навивачи ме следат од почетокот на тениските терени, а јас сега сакам со нив да го споделам своето секојдневие, она што ми е важно, своите вредности, уверувања, навики и сакам да им ги претставам прекрасните луѓе кои стојат околу мене – рекол Ѓоковиќ, освојувач на 12 Грен слем титули.

Шоуто ќе ја прикажува неговата дневна рутина, тренинзите, исхраната, деталите од приватниот живот, но и патувањата во родниот Белград.