Saturday, Sep 23, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаШопинг лудилото за Black Friday доаѓа и во Skopje City Mall

Шопинг лудилото за Black Friday доаѓа и во Skopje City Mall

Трговскиот центар Skopje City Mall по примерот на американските комецијални субјекти ќе организира шопинг лудило за Black Friday како ден за купување на подароци пред празникот „Ден на благодарноста“ кој добива се поголемо глобално значење. Во Skopje City Mall по тој повод ќе има големи попусти и специјални промоции за купување пред новогодишните празници.

Повеќе од 90 продавници од 10:00 часот па до полноќ во петок, вклучувајќи ги и најатрактивните брендови во Skopje City Mall кои покрај актуелните попусти кои ги имаат во моментов, ќе понудат и специјални Black Friday попусти кои ќе се движат од 10 до 70 отсто. Минатата година најпопуларниот ден за шопинг на светот во нашиот најголем мол помина со преполни продавници и ходници, како и задоволи посетители и купувачи.