Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманШокантно истражување: Сè повеќе од младите не знаат и не сакаат да готват

Шокантно истражување: Сè повеќе од младите не знаат и не сакаат да готват

Без фиксен оброк во текот на денот, подгреана храна и немање вештини во приготвувањето на здрав оброк – ова се фрапантните податоци кои ги открија истражувачи од Манчестер, Њукасл и Дурам при испитувањето на млади на возраст од 16 до 20 години.

Резултатите покажале дека младите ја губат довербата во стекнувањето на готварски вештини и затоа се потпираат на брзата храна. Појавата за фиксен оброк во текот на денот е само тешка заблуда, бидејќи младите пристигнуваат дома кога сакаат и само ја подгреваат храната, а се работи најчесто за пица, чипс, готови јадења и можеби по некој чај. Друга опција е нарачување на готова храна до нивниот дом, како на пример од Мекдоналдс. Некои дури и мислат дека тоа е здрав избор, само затоа што со оброкот се служи и салата.

Последицата на сето тоа е и невнимание и незагриженост за нивното здравје бидејќи веруваат дека со вежбање ќе надоместат за лошата исхрана и цигарите.