Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШлаг на тортата во Штип- Цеца ги запали Штипјани

Шлаг на тортата во Штип- Цеца ги запали Штипјани

На третата вечер од традицоналната Штипска пастрмајлијада, Штипјани и гостите од други градови ги забавуваше српската пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Синоќа заврши и осмата по ред ваква манифестација која се одржува во Штип, а покрај големата посетеност во првите две вечери и добра забава, сепак кулминацијата се случи третата вечер, иако сеуште нема официјална бројка на посетители, сепак се очекува таа бројка да биде далеку поголема во однос на првите две вечери.

Српската пејачка Цеца ги запали Штипјани, лошото време и дождот кој паѓаше за време на нејзиниот настап не ја спречи публиката да ужива во нејзината изведба, и да се појави во значително голем број.



Официјални информации за тоа колку пастрмајлии после третиот ден се изедени сеуште нема, но од она што можеше да се види и да се слушне од угостителите синоќа, укажува на тоа дека таа бројка би требало да биде навистина голема.

Покрај Цеца која приреди вистински спектакл, Ферус Мустафов беше тој кој ја загреваше атмосферата за она што подоцна следеше.

Автор:Донев Михаило
Фотографија:Тоши Трајчев