Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШкотската полиција воведува нови униформи со хиџаб

Шкотската полиција воведува нови униформи со хиџаб

Шкотската полиција планира да воведе нови униформи со хиџаб за да ги привлече муслиманките да и се приклучат на полицијата.

Авторитет на шкотската полиција (СПА) во рамките на стратегијата на разновидност, со воведувањето на хиџабот во униформата планира да прикаже разновидност на шкотската заедница, јави Анадолија.

Новиот хиџаб е тестиран од полицијата а, во соопштението се наведува дека со дозволата за користење хиџаб на припадничките на безбедносните сили планираат да ги охрабрат припадниците на недоволно претставените групи да ја развиваат својата полициска кариера.

Во Шкотска живеат речиси 77.000 муслимани, што е 1,4 отсто од вкупното население.

Во Обединетото Кралство живеат близу три милиони муслимани а жените полицајки можеа да носат хиџаб само со дозвола на надлежен старешина.