Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШкотите ќе бараат независност ако Британија излезе од ЕУ

Шкотите ќе бараат независност ако Британија излезе од ЕУ

Доколку Велика Британија на референдумот во јуни гласа за излегување од Европската унија и покрај противењето на Шкотска, тогаш ќе порасне притисокот Шкотска повторно да организира референдум за независност, изјави во саботата Никола Старџен, претседателка на владејачката Шкотска национална партија (SNP) и на шкотска влада.

Старџен истакна дека го поддржува останувањето на Велика Британија во Европската унија, а анкетите покажуваат дека со тоа не се согласуваат повеќе од пет милиони Шкоти, Но, Англија има 53 милиони гласачи, што е околу 83 отсто од населението на Обединетото Кралство.

„Доколку дојдеме во ситуација Шкотска да гласаат за останување, а остатокот од Обединетото Кралство за излегување, луѓето во Шкотска ќе сакаат повторно да го разгледаат големото прашање дали Шкотска треба да биде независна“, изјави Старџен. Шкотите на контроверзниот референдум во 2014 година ја отфрлија независноста со 55 отсто гласови, но SNP тогаш го зголеми своето влијание, освојувајќи 56 од 59-те шкотски мандати во британскиот парламент во Лондон на изборите во мај минатата 2015 година.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го најави во саботата референдумот за членството во Европската унија за 23-ти јуни откако на самитот во Брисел постигна договор со европските челници за реформите на односите на Велија Британија со ЕУ.

Макфакс